КОРОНА ВИРУСОТ ИЗЛЕГОЛ ОД ЛАБОРАТОРИЈА – ПОТВРДА ЗА СОМНЕВАЊАТА ОД ПРИВАТНИТЕ МЕЈЛОВИ НА ФАУЧИ

0
16

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи на почетокот на пандемијата „Ковид 19“ изрази сомневање дека вирусот може да излегол од лабораторијата, потврдија неговите електронски пораки до кои имале пристап американските медиуми.

Според законот за слободен пристап до информациите, „Вашингтон пост“, „Си-ен-ен“ и „Басфидњуз“ од јануари до јуни 2020 година добија повеќе од 3.000 страници од приватната е-пошта на Фаучи, пренесува Би-Би-Си.

Американската тајна служба неодамна ја повтори тезата дека корона вирусот можеби излегол од лабораторија во кинескиот град Вухан, иако тие признаваат дека немаат докази за тоа. Во порака обиена од директорот на најголемиот биомедицински институт во Соединетите држави, се наведува дека „необичните својства“ на вирусот може да покажат дека вирусот е „дизајниран“.

Во мај, Фаучи изјави оти не е убеден дека вирусот настанал во природата, поддржувајќи го продолжувањето на истрагата.

М М С