МАЖ НА ИЗБОРИ ВО МЕКСИКО ДОНЕСЕ ОТСЕЧЕНА ГЛАВА

0
15

Непознат маж фрли отсечена глава на гласачко место во пограничниот град Тихуана, во Мексико, а во близина се пронајдени пластични вреќи полни со делови од тело, додека Мексиканите ширум земјата гласаат на избори.

Властите соопштија дека мажот погебнал и дека на тоа подрачје најдени се пластични вреќи со остатоци од човек и отсечени раце.

Не е јасно која е пораката на овој чин и како треба да делува на неделните избори.

Но, аналитичарите велат дека поголемипт дел од изборното насилство обично се случува на општинско ниво, каде бандите настојуваат да влијаат на изборите со надеж дека ќе обезбедат поголема контрола над трговијата со дрога и други криминални работи.

Ерик Улисис Рамирез, кандидат на левичарската опозициска партија Граѓанско движење, кој преживеа обид за атентат минатиот месец во Кокула, рече дека двајца негови сојузници се киднапирани, претепани и пуштени во неделата.

Фрлена неактивна граната

На едно бирачко место во државата Мексико неој фрли неактивна граната, јавија локалните власти. Еден бирач рече за Ројтерс дека мнозинството се разотичло, но дека потоа се вратиле.

„Луѓето рекоа дека ќе гласаат и дека нема да бидат заплашени“, вели еден бирач.

Во Синалоа вооружени луѓе го ограбија изборниот материјам од бирачко мести, објави државното обвинителство.

Мексиканците во неделата излегоа на биралиштата на парламентарните и локалните избори, кои претставуваат тест на средина на мандатот на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

А оваа изборна кампања беше една од најкрвавите во поновата историја на Мексико Консултантската куќа „Етелект“ извести дека се убиени 97 политичари, а 935 се нападнати.

Извор Независен