МАКЕДОНЕЦ СРУШИЛ СПОМЕНИК НА ХАН АСПАРУХ ВО БУГАРИЈА

0
21

Локалните жители сметаат дека мотивот на Македонецот бил „омраза кон сè бугарско“

Македонец е приведен од бугарската полиција во својот стан во градот Левски поради тоа што го урнал споменикот на Хан Аспарух, објави бугарскиот весник „Труд“.

Вандалскиот чин бил извршен во раните утрински часови во неделата. Соборувањето на споменикот било снимено од камерите и вработени во општината ја кренале плочата, но не ја известиле полицијата.

Локалните жители сметаат дека мотивот на Македонецот бил „омраза кон сè бугарско“.