Македонски државјанин уапсен во Драч со 300 килограми кокаин

0
21

Околу 300 килограми кокаин, сокриен во кутии со логоата на Чикаго Булес, Пари сен Жермен и „Диор“, е запленет во албанскиот град Драч, во контрола на македонски камион кој превезувал железо, соопштила албанската полиција, пренесува РТС.

Кокаинот бил сокриен во шасијата на камионот.

Уапсен бил возачот, македонски државјанин. Повеќе детали не се соопштуваат.