МАКЕДОНСКОТО МНР СО РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД БАРАЊЕТО НА ГРЦИЈА ЗА ДРЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА!

0
23

Грција вчера до УЕФА испрати писмо во кое бара да биде сменето логото на Македонскиот дрес во кое стои ФФМ, а никаде ја нема додавката Северна.

На ова со реакција се јавија и од МНР. Одтаму велат дека ФФМ не подлежи на тоа да го прилагоди своето име според Преспанскиот договор.

„Фудбалската Федерација на Македонија е независна и непрофитна организација која во централниот регистар е регистрирана како здружение, и како такво не прима државни пари. Договорот од Преспа опфаќа институции кои примаат државни пари. И се додека ФФМ не прима државни пари, нема обврска да се прилагоди според Преспанскиот договор.

Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои прашуваат зошто не е НМК, но тој код е дефиниран само за регистарските таблички, според Преспанскиот договор“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција