Македонците можат да се вакцинираат во Врање без закажан термин

0
21

Во Врање е можно вакцинирање за граѓаните на Македонија без претходно закажување. Сè што треба да сторат е да донесат важечка лична карта – пасош или лична карта, информираат српските медиуми.

Луѓе од сите делови на Македонија доаѓаат во Врање за вакцинација, но претежно се од Скопје и Куманово, а доаѓаат и цели семејства, пишуваат медиумите.

– Од утрово 353 лица се вакцинирани во спортската сала во Врање, од кои 274 се државјани на Северна Македонија. Денес имавме голема група и тие беа претежно млади луѓе, кои веројатно вакцината би ја примиле во нивната земја многу подоцна. Сите се многу задоволни, среќни и благодарни – изјави Љиљана Антиќ, директор на Здравствениот дом во Врање.

Таа додаде дека има доволно вакцини и дека ќе добијат доволен број вакцини за граѓаните од Северна Македонија на кои на располагање им се вакцините на „Синофарм“ и на „Фајзер“.