ВИДЕО – Макрон кон Заев: Заслужувате да ги почнете преговорите со ЕУ

0
26

Во Париз премиерот Зоран Заев имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

Тие по средбата одржаа и заедничка прес-конференција, на која претседателот на Франција порача дека Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите со ЕУ.

„Вашата земја заслужува да ги почне преговорите со ЕУ без одложување. Тука сум да помогнам да се изнајде решение со Бугарија“, истакна Макрон на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев.

Заев е во Париз заедно со вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.