Милошоски: Имаме информации од дипломатски кругови дека Бучковски по наредба на Заев тајно преговара

0
24

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието Антонијо Милошоски, вечерва во „Само интервју” во Канал 5 телевизија, истакна дека Бучковски по наредба на Заев е на тајни преговори во Софија за прифаќање на дел од барањата на Бугарија и уште едно предавство кое Заев за малку не го направи лани.

ВМРО-ДПМНЕ во јули 2017 година и на Заев и на Димитров и на цела Влада има кажавме дека имаме пет суштински забелешки на Договорот. Прво, да се спомне македонскиот народ самостојно, второ, да се спомне македонскиот јазик независно од корелацијата со Уставот, трето, да не се откажува земјата од заштита од малцински права, бидејќи тоа е обврска според Советот на Европа, четврто да не биде асиметричен договорот, Македонија да не биде во потчинета ситуација и петто, да има дел каде ќе има и за посебната историја на двата народи, Заев рече дека ќе проба тие нешта да ги внесе во договорот, но брзината на потпишувањето на договорот му беше поважна од суштината на самиот договор, ова денес се последиците на тој договор кој Заев го потпиша“, објасни Милошоски.
Тој рече дека Заев и Димитров тврдеа дека се решени сите спорни прашања со Бугарија, но испадна дека со потпишувањето на тој договор дека имаме поголеми тензии помеѓу бугарскиот и македонскиот народ, отколку што имаше тензии пред десетина години.
„Проблемот е тоа што во самиот договор односно во членот 2 има обврска кон Бугарија да ја подржи поканата на Македонија за членство во НАТО, а во однос на Европската унија пишува да го сподели своето искуство за да Македонија се интегрира, ова е само еден показател дека брзањето на Заев со потпишувањето ни носи поголеми тензии помеѓу Бугарија и Македонија, рече Милошоски.
Милошоски истакна дека последниве неколку дена по наредба на Заев Бучковски е во Софија на тајни преговори, и доколку има намера Владата да биде потранспарентна има Собрание, а во Собранието се народните претставници, но и на јавноста може да се каже за што се разговара во Софија.
„Минатата година се случи народ и се превенираше ваков чекор на власта, а Заев по скандалозното интервју се покажа дека е спремен да го направи, а овој пат се подготвува нешто такво“, истакна Милошоски.
Милошоски порача дека не смее да се дозволи бугарската декларација да стане составен од преговарачката рамка затоа што таа нема никаква врска со стандардите за процесот на интегрирање.