Мицкоски на средба со Вархеи: Забележливи се злоупотребите кои власта во Македонија ги прави со европските вредности

0
24

Претседателот на Христијан Мицкоски, кој заедно со Александар Николоски и Тимчо Муцунски е во работна посета на Брисел, се сретна со Комесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеи.

Како што информира Мицкоски, на средбата ги потврдивме добрите и пријателски односи, како и заложбите за соработка на патот кон ЕУ.

Тема на разговор биле и европските перспективи, како и актуелните случувања во Македонија.

Државата уште во 2009 година ги исполни сите критериуми за старт на преговорите, но спорот со Бугарија за кој Заев нè убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања, претставува непремослива пречка. Она што дополнително загрижува е отсуството на план на Владата за излез од, не само економската, туку политичка криза наметната поради застојот на интеграциите.

 

Од друга страна забележливи се злоупотребите кои власта во Македонија ги прави со европските вредности, а најеклатантен пример е воведувањето на поголеми давачки за граѓаните преку злоупотреба на европското знаменце. Таквото однесување нема никаква врска и е спротивно со вредностите на Европската Унија – истакнува Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира дека цета на неговиот престој во Брисел е да се обиде да создаде позитивна клима за да државата се придвижи напред.

Не сум тука да создаваме препреки на патот кон ЕУ туку да создадеме позитивна клима за да државата се придвижи напред, а тоа е можно со чесен и искрен пристап. Патот кон ЕУ нема алтернатива, а сè друго ќе претставува купување на време и нова лажна надеж од Заев.

 

Ги потврдивме добрите и пријателски односи, како и заложбите за соработка на патот кон ЕУ – истакнува Мицкоски.