Наредната недела ќе заврши и ревакцинацијата во регионалниот центар во Тетово

0
21

Наредната недела ќе заврши и ревакцинацијата во регионалниот центар во Тетово, откако тука прва доза  примија 11 000 граѓани од полошко и пошироко. Во здравстениот дом Тетово пак со прва доза се вакцинираат само хронично болни, Но и на двата пункта наскоро ќе заврши овој процес, ако не стигнат најавените пратки на вакцини од Кина Русија и Ковакс системот.

 Вакцинација во регионалниот центар во Тетово за новозакажани термини нема веќе трета недела, а другата седмица ќе заврши и ревакцинацијата.

Од Здравственот дом Тетово, очекуваат масовната имунизација да продолжи непречено,  откако ќе се добијт новите вакцини. Во меѓувреме пристигнати се најавените дози од Фајзер, за вакцинација само на хронично помлади лица.

Граѓаните кои ја примија втората доза, велат дека процесот тече непречено и немаат никакви симптоми

Се ревакцинираа граѓани од различни возрасти, кои и први покажале интерес за имунизација.

Досега во вакционалниот регионален пункт каде се вакцинираат граѓани од полошко, Маврово Ростуше и Дебар се имунизирани 11 000 лица.

 МТВ