Најден кокаин кај жител на тетовско Шемшово

0
18

На 23.06.2021 околу 01.25 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(28) од тетовско Шемшово, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.