На Попова Шапка во летниот период ретко можат да се забележат туристи, потребна е промоција и вложување во основна инфраструктура

0
18
Природна ладовина, чист воздуд, прекрасни пејсажи како и предели за одмор и рекреација, нуди Попова Шапка во летниот период. Но, на овие места во овој период од година вгодина се помалку посетители. Без промоција и основна инфраструктура летниот туризам не може да се развие, согласни се туристичките работници.
 
И во останатите предели на Шара состојбата е иста. Во местото викано Забели, Демир Сефери има отворено ресторан каде се нуди локална храна. Но, местото се уште не е доволно посетено, луѓето не го знаат. Потребна е промоција на планината, но и инвестиции во инфраструктурата, вели Сефери кој сам го изградил патот преку кој туристите можат да стигнат до ова место.

 

-На пример патот во инвестиравме сами, огромна штета е што не се промовира природата која ја имаме. Тука  доаѓале групи и не им се верува што гледаат , а од друга страна не е развиен туризмот, ниту пак е заштитена планината, Демир Сефери 

На Шара и малкумина се занимаваат со летен туризам од кој може да егзистира сето локално население, вели Хашим Хасани сопственик на хотел на Попова Шапка, кој на мештаните им откупува локални производи кој ги преработува и ги нуди на туристите.

-Нашата улога е и едукативна, да го едуцираме населението дека со користењето на тие локални билки и производи можат да останат на планината. Има потенцијал, но мора да има едукација на локалното население, да му се објасни кои се придобивките што живее на планина, изјава  Хашим Хасани сопственик на хотел на Попова Шапка

Дел од туристичките работници се надеваат на подобрување на состојбата, по прогласуавњето на Шара за национален парк.

Постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк е во завршна фаза. Се очекува наскоро законот да се изгласа во Собранието. Следен чекор е формирање на установа која ќе раководи со паркот, седиште, како и ренџерска служба.

МТВ