Нечиста вода се фекалии пијат голем дел од жителите од руралните општини од тетовско

0
18

Проблемот со загадената вода од селските водоводни системи во тетовско никако да се реши. И натами во голем дел од нив водата е микробиолошки загададена, односно има присуство на фекалии и ешерихија коли.

Податоците на Центарот за јавно здравје Тетово, говорот дека над 65 отсто од водоводните системи во руралните средини во тетовско имаат неисправна вода за пиење. Причината е јасна, неправилно одржување на овие системи.

-Сето тоа се должи на нивното неодржување, односно не се заштитуваат зоните околу извориштата и резервоарите, не се одржуваат каптажите и не се врши дезинфекција.Тие резервоари можеби над 50 %  ги одржуваат месните заедници, има некаде каде има оформено јавно претпријатие самата општина, но дел од месните заедници не ги даваат водоснабдителните системи затоа што како што велат самите ги граделе, а таму каде што стопанисува комунално претпријатие помалку има вакви загадувања, најчесто се работи за Ешерихија Коли, истакна д-р Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Системите кои ги одржуваат комуналните претпријатија се почисти, но голем дел од месните заедници не ги даваат водоводите на овие јавни претпријатија, затоа што како што велат тие сами со свои средства ги изградиле

Инаку два дена жителите на тетовска Брвеница се жалат на дијареа и повраќање. Првичните проценки се дека се работи за нечиста вода за пиење, од која се земени мостри и во текот на утрешниот ден се очекува да се објават резултатите.