Не сме фараони да градиме пирамиди додека владееме!

0
17

Ние не сме фараони да градиме пирамиди во своето владеење, ние сме градоначалници избрани да раководиме со градот. Ова го потенцира Шилегов во одговор на новинарско прашање, кој е капиталниот проект што го реализирал во неговиот мандант како градоначалник, а не е асфалт.

– Не практикувам во политиката да употребувам популизам. Мислењето дека кој било градоначалник треба да гради капитални проекти е фараонско размислување – изјави Шилегов.

Тој потенцира дека она што претходните градоначалници го ветуваа 40 години, тој за две години го извадил на површина и е во фаза на имплементација.

– Од 1965 година, никој од претходниците не работел на имплементација на ваков БРТ проект. На почетокот на 2022 година се надевам дека ќе заврши постапката за избор на изведувач. Граѓаните ќе ја почувствуваат придобивката од имплементацијата на современ одржлив урбан транспорт на која работиме -дециден е Шилегов.