Нова експлозија во „Слобода“ во Чачак, наредена е итна евакуација

0
41

Повеќето работници успеале да побегнат, а за двајца се знае дека се повредени при пукање и кршење на прозорците

Во силна експлозија, петнаесетина минути пред 20 часот, во кругот на фабриката „Слобода“ – Чачак се повредени најмалку двајца работници, како што јавуваат српските медиуми.

Во моментот на експлозијата, во неколку погони на фабриката имало неколку десетици вработени. За среќа, повеќето работници успеале да побегнат, а за двајца се знае дека се повредени при пукање и кршење на прозорците.

Кабинетот на градоначалникот на Чачак нареди веднаш да се евакуираат граѓаните што живеат во близина на фабриката „Слобода“.

Ова е втор ваков инцидент во Чачак овој месец. Во почетокот на јуни се запали магацинот на фабриката каде што се складирале делови за склопување запалки. Во текот на ноќта следуваа повеќе експлозии кои предизвикаа огромни материјални штети. Според првите проценки што ги соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ, станува збор за штета од 1,5-2 милиони евра.