НОВИ ОДРОНИ ГО ОТЕЖНУВААТ СООБРАЌАЈОТ НА ПАТОТ ДЕЛЧЕВО – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

0
21

Поради нови одрони од утрово со проблеми се одвива сообраќајот на дел од магистралата А3 на делницата од Делчево кон Македонска Каменица.

Најизразена ваква појава, како што јавуваат возачи кои сообраќаат на оваа релација, повторно е делницата од село Очипала кон Баткова Чешма, но како што додаваат наноси од камења има и на останати места долж целиот патен правец.

Од подружницата на ЈП „Македонија пат” истакнаа дека дежурните екипи се на терен и работат на санирање на критичните точки. Поради влажниот терен и можноста од нови наноси апелираат на почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно возење долж овој патен правец.