ОД СРЕДА ДА СЕ УКИНЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

0
17

Се предлага и укинување на ограничувањето до 100 гости на свадби и дозвола за концерти и настани на отворено

Комисијата за заразни болести утрово на состанок донела одлука да препорача укинување на полицискиот час од среда (16 јуни), информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Укинувањето е предложено бидејќи, вели Филипче, епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува тоа.

Исто така, се предлага и укинување на ограничувањето да има максимум 100 гости на свадби и други прослави.

Комисијата за заразни болести даде зелено светло и за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од капацитетот на објектот и не повеќе од 1 000 лица.

Овие одлуки ќе му бидат предложени на Кризниот штаб, кој, ако ги прифати, ќе ги препорача до Владата за усвојување.