Од 1 јули ќе може да работат и затворените простории на рестораните, со исполнетост до 40% од капацитетот

0
21

Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти (рестораните), вклучително и за организирање свадбени свечености, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40% од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти. Оваа одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.