Од 9 општини од полошко само 3 го уплатиле основачкиот влог за Јавното претпријатие Русино Полог

0
29
Од 9 општини од полошко само 3 го уплатиле основачкиот влог за Јавното претпријатие Русино Полог, што е услов ова претпријатие кое ќе биде наменетo за сите полошки општини да функционира.  

 

Денеска градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која воедно е и претседател на Центарот за полошки плански регион, информираше дека тие како општина го уплатиле основачкиот влог

-Секој си има обврска да го плати влогот, така беше договорено кога се формираше претпријатието, потенцираше Арифи

Инаку основачкиот влог сите 9 општини според договорот требаше да го платат заклучно 15 јуни, но досега освен Тетово, уплатиле само Општините Теарце и Гостивар.

Поради нецелосната уплата, претпријатието е блокирано, односно функционира само на хартија.

Како што потенцираа од Министерството за животна средина, откако сите општини ќе го исплатат основачкиот влог, Европската банка за обнова и развој, ќе одобри поголема сума на пари за камиони, контејнери и слично за заедничкото јавно комунално претпријатие  конечно да започне да работи на терен и да менаџира со регионалната депонија Русино, која сега работи беа никакви стандарди.

ММС