Општина Тетово – Наскоро со градежни активности за пробивањето на булеварот Благоја Тоска и реконструкција на улицата Гоце Делчев

0
15

Преку проектиот за локален карактер кој го објави владата Општина Тетово ќе добие 42 милиони денари за пробивање на булеварот Благоја Тоска од мостот кај Клиничката болница Тетово се до средното текстилно училиште Моша Пијаде Тетово.

 Се очекува да се започне со уривање на објектите долж булеварот Благоја Тоска чија експропријација со сопствениците е целосно завршена, а истите се обештетени во вкупна сума од 500 000 евра
-Општина Тетово аплицираше и се работи за проект кој ќе го забрза пробивањето на Благоја Тоска што беше и едно од ветувањето кој го дадовме во овој мандат, рече Снежана Новаковска портпарол на Општина Тетово.

 

Од општината се пофалија дека наскоро ќе се започне со реконструкција на улицата Гоце Делчев од населбата Два Бреста се до православните гробишта.

-Во моментов се работи на улицата Ѓоце Стојчевски и на улицата 29 Ноември, така да веднаш кога ќе завршат работите на овие две улици фирмата се префрлува на Гоце Делчев за што имаме грант од Светска Банка. Се работи за реконструкција во должина од 750 метри, рече Новаковска

Точни термини за почеток на градежните активности на булеварот Благоја Тоска како и на улицата Гоце Делчев нема. И за двете делници локалните власти во неколку наврати дадоа ветување за пробивање и реконструкција, но на терен досега не се започнати никакви активности.