Општина Тетово сосема ја заборавила делницата Борис Кидрич во централното градско јадро, со тротоар руиниран и поплочен од времето на Тито

0
17
Иако е еден од најфрекфрентните тротоари и делници сообраќајницата Борис Кидрич никако да се најде на листата на приоритети на Општина Тетово.Лоцирана во централното градско јадро, покрај коловозот има училиште, Луна парк, единствениот парк во градот , а по овој тротоар мора да поминеш ако одиш до железничката или автобуската станица.

 

Граѓаните со реакција

Не знам дали во оваа наша држава има некаде ваков тротоар. Тука не можеш нормално да се движиш, ниту сам, па не дај боже со количка со деца. Некогаш сме принудени да одиме по улицата поради лошата инфраструктура на тротоарот. Кога врне е најлошо, тогаш под коцките има вода, па при секој чекор водата прска на сите страни, катастрофа. Ова мора веднаш да се санира, навистина не знам зошто овој тротоар на општината не и е приоритет, истакна една жителка на Тетово.

И додека тетовци со години реагираа на оваа руинирана делница, Општина Тетово се фали со реконструкција како и изградба на нови патишта во шарпланинските села, а минатата недела се пофали дека ќе следува целосна обнова на една од најдолгите улици во градот Гоце Делчев во стариот дел на Тетово, како и пробивање на дел од булеварот Благоја Тоска, градежни активности кои се ветуваа со години, но на терен никако да започнат.

Од Општина Тетово и покрај многуте наши обиди не успеавме да добиеме информација дали ќе се санира делницата Борис Кидрич, само накусо ни истакнаа дека планираат реконструкција и на оваа сообраќајница, но како, кога и колку не кажаа. 

 

ММС