Османи: Позитивна и негативна страна на писмото од бугарското МНР

0
18

Писмото од бугарскиот министер за надворешни работи го гледам како дефинирање на патоказот кој е еден од трите елементи за заокружување на решението кое ќе ги отвовори преговорите на С Македонија со ЕУ, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи го писмото кое бугарскто МНР вчера објави дека му го испратил Светлан Стоев на македонскиот колега.

Османи денеска појасни дека целта на посетата на Софија на 17 јуни е дефинирање на тој патоказ кој треба да биде вметнат во европскиот предлог.

„Треба да има решение, патоказ и одлука за почеток на преговори. Нема договор доколку некој од овие елементи недостасува“, рече Османи.

Тој смета дека писмото што го добил има една позитивна и една негативна страна. Позитивната е што бугарската страна ги прифаќа предлозите од патоказот, но негативната страна е дека писмото стигнало по завршувањето на самитот со што нема одлука за почеток на преговорите, како клучен елемент од целосното решение.

Тој најави дека во нардениот период ќе продолжат разговорите за во септември да има зелено светло и договор.