Осуда за грубите дисквалификации на градоначалникот Мерко кон новинарите

0
20

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува грубите дисквалификации и најостро го осудува недоличниот однос на градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко кон новинарката на Алфа ТВ и новинарите присутни на прес конференцијата во текот на вчерашниот ден на тема дивоградбите во општина Струга.

Потенцираме дека јавните личности, особено избраните функционери се подложни на јавна критика и тоа треба да го прифатат како дел од нивната работа и треба да се воздржат од изјави кои што на било кој начин може да се сфатат како етикетирање на новинарите, бидејќи тоа не е во духот на европските и демократските вредности. Таквите изјави може да стимулираат напади и закани врз новинарите од страна на партиските припадници, а тоа со себе може да повлече многу негативни последици. – стои во реакцијата на ЗНМ.