Пановски за „Фокус“: Нелогично е маски да се носат во затворено, а на свадба да не треба!

0
20

Владата денеска донесе одлука за организирање на свадби во затворен простор до 250 луѓе и оваа мерка ќе биде дозволена од 1 јули.

Миркобиологот Никола Пановски е против оваа одлука, затоа што барем за семејните веселби има алтернатива – организација на отворен простор.

Нелогично е што и понатаму ќе треба маска во затворен простор, ама на свадба нема да треба. Сметам дека немаше потреба да се донесува ваква одлука сега кога има пристојна алтернатива, а тоа е свадба на отворен простор. Сега за сега нема да влијае, но за некоја недела, ако навлезе индискиот сој, ќе бидат од ризик овие настани, па ќе треба да се откажуваат веќе закажаните свадби“, вели Пановски за „Фокус“.