Полицијата во Истанбул со солзавец ги растера учесниците на „Парадата на гордоста“ (ВИДЕО)

0
40

Турските власти во претходните години неколку пати ја забрануваа Парадата на гордоста.

Турската полиција испука солзавец за да ги растера луѓето собрани на денешната Парада на гордоста во центарот на Истанбул, а приведени се околу 20 лица, вклучително и фоторепортер, јавија локалните медиуми.

Ројтерс известува дека има снимки на кои се гледа како полицијата во целосна воена опрема турка и влече луѓе, од кои некои вееја знамиња во боја на виножито, додека се собираа за настан низ споредните улици што се вкрстува со централната авенија Истикал.