Почина американскиот дипломат Џејмс Пердју, еден од креаторите на Дејтонскиот и Рамковниот договор

0
24

Почина поранешниот америкаснкиот дипломат Џејмс Вилијам Пердју, а причините за смртта не се соопштени. Пердју беше дел од администрацијата на Бил Клинтон и Џорџ Буш. Пердју починал во средата на 77 години.

Џејмс Пердју остави неизбришлив белег на Балканот – прво како дел од екипата на прославениот дипломат Ричард Холбрук, а потоа и како американски претставник за Македонија за време на воениот конфликт во 2001 година.

Во кризната 2001, Пердју, како претставник на САД, беше еден од двајцата меѓународни олеснувачи во постигнувањето на Рамковниот договор, заедно со Французинот, Франсоа Леотар, како претставник на ЕУ. Тој беше еден од архитектите да се осмислат уставните измени.
Македонското МНР денеска соопшти дека Пердју е на листата од 30 дипломати, на кои годинава, по повод 30 години македонска независност, ќе им биде доделено признание за заслуги во зацврстувањето на нашата самостојност, евро-атланска перспектива и мултикултурна кохезија.
Оваа година тој остро ја критикуваше бугарската блокада на Македонија.
Пердју во 2002 година стана амбасадор на САД во Бугарија, каде беше на служба три години.
 фото-kurir.rs/