ПОЧНА ДА ЧУКА СРЦЕТО НА 44 ГОДИШНАТА ДОНАТОРКА ПО ИЗВРШЕНАТА ЧЕТВРТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА

0
21

Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука, објави утринава Министерот за здравство Венко Филипче.

Тој се надева дека телото ќе го прифати новиот орган

– Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем. Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот, соопшти Филипче

Инаку медицински тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија пред полноќ почнаа експлантација на бубрези и срце од 44-годишна пациентка која вчера попладне е дијагностицирана со мозочна смрт.

Според најавата од министерот Венко Филипче, тројца пациенти се подготвувале ноќеска за трансплантација на органите – срцето и бубрезите од донорот. Тоа е четврта трансплантација на срце во земјава од минатиот мај.