Почнува реконструкцијата на Универзална сала во Скопје

0
24

Градежното проектантско трговско друштво Универзал-Балкан е избрано за носител на групата проектанти која за 2 милиони евра ќе изврши реконструкција на фасадата и кровот на Универзална сала

Како што вети пролетва скопскиот градоначалник Петре Шилегов, автентичниот изглед на Универзална сала нема да се менува, објектот ќе го задржи постојниот облик и големина за да се сочува колективната меморија за Универзална како симбол на меѓународната солидарност искажана кон Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година.