ПРЕГАЗЕН ПЕШАК ПОЧИНАЛ НА ЛИЦЕ МЕСТО КАЈ СТРУМИЦА

0
24

Вчера во 21.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека во с.Владевци, струмичко, во близина на крстосница со патот кој води за с.Сушево, струмичко, мотоцикл „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(50) од Радовиш, удрил во пешакот К.Ѓ.(70) од с.Милетино, општина Брвеница – Тетово. Притоа, пешакот починал на местото, а смрт констатирала екипа од Медицинскиот центар Струмица. Мотоциклистот се здобил со повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, соопштија од МВР.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.