Приведени 2 лица од гостиварско-пукале со пиштол и повредиле дебранец

0
17

На 17.06.2021 полициски службеници од Полициска станица Ростуше на место викано „Ростушко анче“ ги лишиле од слобода А.А.(28) од с.Долна Бањица, гостиварско и А.Т.(30) од с.Лакавица, гостиварско, кои се превезувале со патничко возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки, поради постоење на основи на сомнение дека околу 22.10 часот на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар, кај џамијата „Саат кула“, со огнено оружје го повредиле А.И.(30) од Дебар.

А.И. бил пренесен во Општа болница Дебар за укажување на лекарска помош, полициски службеници извршиле увид, а при преглед во возилото „ауди“ бил пронајден пиштол „Сиг Сауер“ П226С кал.9 мм.

По наредба на Јавен обвинител лицата се приведени во ОВР Дебар за понатамошна постапка.