ПРИВЕДЕН КРИМИНАЛЕЦ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА

0
18

Денеска (01.06.2021) во 13:50 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка- Отсек потрага на ул.”Индира Ганди” во Скопје го лишија од слобода Е.Е. (49) од Скопје.

Тој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор во траење од две години.

Лицето е приведено во ПС-ОН Чаир за понатамошна постапка.