ПРОНАЈДЕН КОКАИН, ПРИВЕДЕН ДИЛЕР ОД БИТОЛА

0
26

Денеска(07.06.2021), полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Д.(35) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кокаин, дигитална вага, поголема количина пари(денари и евра), две патнички возила, три патрони за пушка и делови од пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.