РАМА: „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА” Е БЕСМИСЛИЦА, А „МИНИ ШЕНГЕН” Е ГОЛЕМА РАБОТА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

0
40

Идејата за ,,Голема Албанија“ е тотален нонсенс, а ,,Мини Шенген“ е голема работа за регионот, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Јуроњуз Србија.

Албанскиот премиер кажа дека не познава никој што ја подржува идеата за ,,Голема Албанија“, според него тоа никогаш не постоела во албанскиот јазик, учебниците, и дека таа идеа настанала надвор од Албанија и е само по себе тотален нонсенс.

,,И ,,Голема Србија“ е нешто што секогаш се споменува, но ваквата идеа за обединување во рамките на Европската Унија само наметнува етничка поделба“ додаде Рама.

Кога го прашаа што мисли кога ќе чуе за Србија, Рама одговори дека не може а да не помисли на Косово, на долгиот конфликт, одделеноста на Албанците, долгиот молк помеѓу Албанија и Србија и разни други работи поврзани со тоа.

Рама вели дека на народот од Западен Балкан, како и на народот на Албанија, никогаш не и било подобро, дека работите кои денеска ги сметаат за нормални, пред 10-20 години тие неможеле да ги замислат. Тој го искажа својот повторлив страв дека признавањето на Косово од страна на Србија е нешто што доцни, дека на српскиот народ не му е во корист да продолжи оваа ситуација, во која според него тие имаат прегрнато дух кој им е страв да го изгубат. Според него, за Србите, Косово претставува ,,само митологија“.

Тој им предложи на Албанците и Србите да се угледаат на Германците и Французите по Втората Светска војна, иако тоа е друга димензија, но народот на тој начин да ја преброди историјата, да се решат споровите и за идните генерации да се остави некое ново  наследство.