РАМА – СЕ НАДЕВАМ НЕМА ДА БАРААТ ДА СЕ ВИКАТЕ ЗАПАДНА БУГАРИЈА

0
21

Ден по новото вето од Бугарија за почеток на пристапните преговори со ЕУ, во Скопје се сретнаа македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама, во рамките на Економскиот форум во Скопје. Со ветото за Македонија, Бугарија ја блокира и Албанија, бидејќи останатите земји членки на ЕУ не сакаат да ги разделат двете земји на патот на европските интеграции.

На заедничката прес-конференција, Рама рече дека неуспехот да се донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија е неуспех на ЕУ и дека сите имаат право да се чувствуваат фрустрирани.

„Сега одеднаш се појавува Бугарија и бара нешто повеќе. Му реков на Зоран се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија, затоа што тогаш ќе треба да се вратите пак кај Грците да преговарате“, рече Рама.