Регистриран земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер со епицентар кај Петриња.
Земјотресот бил регистриран од Сеизмолошката служба во 5 часот и 7 минути, а бил почувствуван и во Загреб.
Интензитетот на земјотресот во епицентарот бил IV-V степен од скалата ЕМС, објави денеска Сеизмолошката служба, пренесува Хина.