САД ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ДОНИРААТ 80МИЛИОНИ ДОЗИ ВАКЦИНИ ВО КОВАКС

0
15

Американските власти објавија дека ќе донираат поголем дел од ветените 80 милиони дози вакцини за коронавирус на странски земји преку механизмот Ковакс за дистрибуција на вакцините до ранливите земји.

„Владата денеска објави дека ќе дистрибуира 80 милиони дози вакцини против коронавирус. Најголемиот дел ќе биде дониран преку Ковакс“,

објави Белата куќа.

Така, преку Ковакс ќе бидат донирани околу 60 милиони вакцини, а околу 20 милиони дози на земјите на кои им е потребна.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека донацијата од вакцини Соединетите држави не ја прават од некаков интерес, туку со цел да спасат животи и да ја прекинат пандемијата.

Извор 360°