Семејствата кои ги загубија своите најблиски од КОВИД 19 плаќале огромни суми на пари за погребални услуги

0
21
Наместо да се ослободат од трошоци, семејствата чии најблиски починале од КОВИД 19 плаќале двојно и тројно за погребални услуги како и за транспорт на жртвата, покажа истражувањето кое го спроведе Правниот факултет при Тетовскиот универзитет. Професорот Башким Селмани смета дека надлежните треба да се позанимаваат со ова прашање, оти во законот донесен минатата година јасно стои, жртвите од КОВИД 19 се ослободени од сите давачки.
-Високите цени за погребалните услуги се спротивни на законот кој ги ослободува семејствата на жртвите од КОВИД 19.  Треба да се компензираат трошоците, смета професорот Селмани

 

Истражувањето на терен спроведено кај семејствата каде што еден или повеќе членови починале од КОВИД 19, покажало дека само за транспорт на покојникот се наплаќале стотици евра, сума која била поскапа од превоз за починато лице донесено од странство.

Истражувањето било спроведено кај семејства од тетовскиот регион. Дел од нив присуствуваа на Правниот факултет, каде студенти одржаа симулација на судски процес во кој морално и парично беа осудено субјектите кои наплаќале големи суми за погребални услуги.

МТВ