СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СЕЛО АГЛАРЦИ, ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ

0
21

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола

Во текот на вчерашниот ден во селото Г.Агларци се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „ванге-50″ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Г.Агларци и мотоцикл „шинрај-150″ без регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Г.Агларци.

Како што информираат од МВР во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот, возачот на мотоциклот како и малолетна сопатничка од мотоциклот „шинрај-150″, повредите се констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола