Состојбата со вирусот во тетовско се смирува

0
19
Ситуацијата со вирусот во тетовско се смирува. Од овој регион и по неколку дена нема позитивни случаи на вирусот, а за една недела од КОВИД 19 починал еден пациент.

Намалени се и амбулантските прегледи на лица сомнителни на вирусот, што е показател дека ќе имаме мирен период. И бројот на хоспиталзирани е сведен на најмала бројка досега.

 Д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово, оценува дека поминавме тешки месеци, вирулентноста на вирусот беше посилна од тој во ноември мината година.

 Сепак ситуацијата со КОВИД 19 не е завршена. Какво лето и есен ќе имаме се зависи од постапките на граѓаните, односно колку ќе ги почитуваат препораките на здравствените власти, како и имунизацијата на населението.