СОЈУЗ НА СРЕДНОШКОЛЦИ – СЕ ИСПОЛНИЈА СИТЕ НАШЕ БАРАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНАТА МАТУРА, НО ПОДГОТВЕН Е И НОВ КОНЦЕПТ

0
18

Без проблеми и со исполнување на сите наши барања поврзани со полагање на државната матура, помина првиот екстерен испит по мајчин јазик, оценуваат од Сојузот на Средношколци, кои претходно со Министерството за образование постигнаа договор за намалување на бројот на екстерните предмети и во полагањето да биде што помалку застапен материјалот кој се предавал преку онлајн настава.

Материјалот од екстерниот испит по мојот мајчин јазик кој се предавал преку онлајн настава беше скратен, поголемиот дел прашањата беа од наставата на која сме биле физички присутни, вели Бленди Ходаи кој денеска го полагаше првиот екстерен испит.

Од тоа што лично го видов за време на полагањето, се уверив дека договорот околу државна матура постигнат со надлежното министерство, се почитува и во пракса.

Тетовските средношколци беа едни од најголемите подржување на бојкотот на наставата, преку кој се вршеше притисок да се прифатат барањата на сојузот околу новиот начин на полагање на државна матура.

Од Сојузот, велат дека средношколците не се задоволни и со овој начин на полагање на државна матура. Со надлежните постигнат е договор за нов концепт.

Новиот концепт за полагање на државна матура се очекува  да се спроведе во пракса за две години.

МТВ