СТРАВОТЕН СУДИР НА ДВА ВОЗОВИ ВО ПАКИСТАН – ДЕСЕТИЦИ МРТВИ

0
20
Брз воз во јужен Пакистан излетал од шините на друг колосек, кратко потоа на него налетал втор патнички воз. Спасувачките екипи работат со тешка механизација за извлекување на жртвите.

Во тешка железничка несреќа во јужен Пакистан загинаа најмалку 34 лица, додека најмалку 60 се повредени, соопшти министерот за железнички сообраќај Азам Свати денеска во главниот град Исламабад. Во раните утрински часови во провинцијата Синд од шините излетал воз кој доаѓал од Карачи, а кратко потоа втор воз фронтално се судрил со него.

Повредените патници се пренесени во околните болници, а се стравува дека бројот на жртви и натаму ќе расте. Повеќе патници се наоѓаат во критична здравствена состојба. Извлекувањето на загинатите и повредените продолжува, според портпарол на железницата, заглавени се уште околу 25 патници, за ослободување на жртвите се користи тешка механизација.

Pakistan Zugunglück

Локалните медиуми известуваат дека на возилата за итна медицинска помош им требале неколку часови додека стигнале на местото на несреќата. Пакистанската армија испратила трупи, два хеликоптери, лекари и санитарци за поддршка на напорите за спасување и медицинско згрижување.

Пакистанскиот премиер Имран Кан изјави дека е шокиран од несреќата, тој наредил истрага за безбедноста на железницата. Според министерот за информации Фавад Хусаин, во тек е истрага дали причина за несреќата е терористички акт или човечка или техничка грешка.

Symbolbild Pakistan Zugunglück

Тешките железнички несреќи во Пакистан не се реткост, шините делумно потекнуваат уште од пред сто години, од времето на британското колонијално владеење, обновен е само мал дел. Освен престарите пруги, во минатото причина за стотици жртви при железнички несреќи беа и бомбашки напади извршени од страна на исламистите и сепаратистите, но и генерално слабите безбедносни мерки во јужно азиската држава.