Студија: Речиси една петтина Бугари плаќале за поткуп за здравствена услуга

0
36

Речиси третина од граѓаните на ЕУ се потпирале на лични врски за пристап до здравствена заштита за време на кризата со Ковид-19, а околу петтина од граѓаните во Бугарија, Романија,  Унгарија и Литванија плаќале мито за такви услуги. Студијата ја објави весникот Гардијан.

Во 27 земји на ЕУ, скоро две третини (62 отсто) од 40.000 испитаници во истражувањето на Транспаренси Интернешнл изјавиле дека корупцијата во нивната влада е сериозен проблем, а три четвртини (76 отсто) велат дека ситуацијата е во стагнација или се влошува.

Авторите на Глобалниот барометар за корупција – извештај на ЕУ – велат дека наодите се загрижувачки во поглед на подготвувањето на заедницата да одвои милијарди евра за постпандемиско закрепнување.

Извештајот, исто така, дава слика на незадоволство од топлите односи меѓу големиот бизнис и владите, како и високиот степен на директно учество на граѓаните во коруптивни практики со цел пристап до јавните услуги.

Најголем удел на луѓе кои велат дека платиле мито за да обезбедат здравствена услуга има во Романија (22 отсто), следува Бугарија (19 отсто).

Помалку од 20 отсто од жителите на Данска и Финска сметаат дека владината корупција е голем проблем во нивната земја. Но, над 85 отсто од Бугарите, Хрватите, Кипарците, Италијанците, Португалците и Шпанците се на спротивно мислење.

Во ниту една земја не преовладува ставот дека корупцијата се намалува. Најпозитивен е резултатот во Словачка, каде така мислат 39 проценти од населението