ТЕШКО ПОВРЕДЕН МАЛОЛЕТНИК ПЕШАК ОТКАКО БИЛ УДРЕН OД АВТОМОБИЛ

0
19

На 07.06.2021 во 10,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај с.Росоман, патничко моторно возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.М.(33) од Велес, удрило во малолетен пешак од с.Росоман.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Кавадарци.