ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА – ПОЛИЦАЕЦОТ ОД ДЕЛЧЕВО ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ

0
22

Полицијата го пронајде телото на 51-годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој во четвртокот заминал на риболот кај месноста „Улив“ во атар на село Илиово, а вчера утрото бил пријавен за исчезнат.

Од полицијата за МИА информираа дека вчера доцна попладнето телото било пронајдено кај споменатата локација заглавен во неговото возило во водите на реката Брегалница.

Безживотното тело било извадено од реката синоќа во 23 часот, а потоа и возилото „застава 101“.

Деталите за овој случај не се познати.