Три сценарија во игра – ќе се вратат ли децата во училишните клупи?

0
22

Враќање во училишните клупи, да се продолжи со хибридниот модел, или пак ротација на учениците на една недела – се трите опции кои ги предлага МОН

Три сценарија се во игра за стартот на учебната година од 1 септември – враќање во училишните клупи, да се продолжи со хибридниот модел воведен за време на пандемијата, или пак ротација на учениците на една недела. Од Министерството за образование и наука велат дека се подготвени за спроведување на сите три сценарија, но дека очекуваат годината да започне со првото сценарио – односно учениците наесен да се вратат на училиште, по паузата од година и половина од почетокот на пандемијата со Ковид-19.

„Сите во Владата сме согласни дека најдобро е сите ученици од први септември да се вратат во училишните клупи под протоколите за заштита од Ковид-19. Ова е првото и најпосакуваното сценарио, но сепак неговата примена ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заразни болести”, вели министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Најдобро е сите ученици од први септември да се вратат во училишните клупи, вели министерката Мила Царовска.

Второто сценарио е да се оди со досегашниот хибриден модел, каде со физичко присуство настава следеа учениците од прво до четврто одделение, додека останатите ученици наставата ја следеа на далечина. Во игра е и трето сценарио кое предвидува враќање на сите ученици во училиштата под здравствени протоколи со ротација на присуството на учениците на една недела.

Дојче веле