Тројца повредени во судар на два „мерцедеса“ крај Струга

0
20

Три лица, од кои едното државјанин на Албанија се повредени во сообраќаен инцидент кој се одиграл во саботата рабо попладнето на локален пат од Струга кон селото Радолишта.

Сообраќајна незгода е пријавена околу 14,30 часот и притоа констатирано е дека се судриле два автомобила „мерцедес“, едниот со охридски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот А.Ш. од струшкото село Делогожда и другиот со струшки регистарски ознаки управувано од 39-годишниот А.А. од Струга.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ш. констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо-Охрид“, а со телесни повреди се здобиле сопатникот од истото возило 20-годишниот Ш.К. од Албанија и возачот А.А. констатирани во Медицинскиот центар во Струга.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од  Полициската станица Струга.