Тројца убиени во напад со нож во Вирцбург

0
21

Три лица се убиени во напад во градот Вирцбург во покраината Баварија. Напаѓачот е уапсен по интервенција на полицијата. Осомничен е 24-годишен Сомалиец.

Полицијата успеала да го совлада напаѓачот откако го ранила со огнено оружје, но тој е надвор од животна опасност. Претходно тој со нож убил три лица во центарот на Вирцбург, и повредил уште најмалку петмина.

Осомничениот е 24-годишен маж од Сомалија кој живеел во градот во покраината Баварија. Според очевидци, тој напаѓал случајни минувачи во строгиот центар на градот. Делови од градот се затворени и има големо полициско присуство, но надлежните велат дека нема опасност за граѓаните.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии кои наводно се од Вирцбург, а кои покажуваат како случајни минувачи се обидуваат да го спречат напаѓачот да избега пред пристигнувањето на полицијата заштитувајќи се со столици и палки.