ФИЛИПЧЕ: ПРИСТИГНАА 12.870 ВАКЦИНИ ОД „ФАЈЗЕР”

0
15

Дополнителни 12.870 дози од производителот „Фајзер“ обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.

„Овие вакцини се наменети за вакцинација на сите граѓани пријавени преку веб платформата vakcinacija.mk. Апелирам сите кои досега се немаат пријавено да го сторат тоа што поскоро“, напиша Филипче.