ФИЛИПЧЕ СО ПРЕДЛОГ : АКТУЕЛНИТЕ МЕРКИ И ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА ОСТАНАТ ДО 15- ТИ ЈУНИ

0
32

По предлог на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство Венко Филипче денеска на ГККШ посочил полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територијата на цела држава.

Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.

„Локално“ вчера објави дека Комисијата за заразни блести од 15-ти јуни ќе предложи полцискиот час да почнува од 01-04 часот.

Министерот за здравство Венко Филипче, пред неколку дена рече дека доколку вирусот остане со намалена преносливост можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки.

– Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки – рече Филипче.

Вчера првпат по подолго време бројот на активни случаи заболени од КОВИД-19 падна под 1000. Во Пробиштип, Пехчево , Дојран и Демир Капија нема активни случаеви на ковид 19, додека во главниот град бројот на активни случаи е 395.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.