ФОТО: МАКЕДОНИЈА СЛЕТА ВО БУКУРЕШТ, СЛЕДАТ ПОСЛЕДНИТЕ ПОДГОТОВКИ ЗА ЕП!

0
19

Фудбалската репрезентација на Македонија е во центарот на вниманието откако преку Лигата на нациите обезбеди прв историски натпревар на Европското првенство кое стартува овој петок.

Избраниците на Игор Ангеловски ги одработија главните подготовки во Скопје, одиграа два тест дуели и утрово се упати кон Букурешт. Авионот со репрезентативците веќе пристигна во Романија, тие слетаа во главниот град на земјата и со посебен автобус заминаа кон хотелот.

Пред Македонија се неколку денови за тренинг и аклиматизација на теренот и градот, а веќе в недела ги очекува првиот натпревар против Австрија.

Извор gol.mk